Еден од најеминентните македонски кошаркари Ненад Зивчевиќ богатата кариера ја продолжува во српската второлигашка кошарка каде ќе ги брани боите на Клик, потврди и клубот од Ариље.
За 37-годишникот со дебело резиме тоа ќе биде само вториот клуб во Србија откако претходно како позајмен играч од Будуќност ги бранеше боите на Слога Краљево.
Одличниот шутер во Клик заминува по двесезонскиот настап за Куманово каде беше еден од лидерите и покрај големите финансиски проблеми на кумановци. Претходната сезона настапи на 21 натпревар на кој забележа просек од 10.6 поени, 3.5 скокови и 2.9 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА