УЕФА ја казни хрватската фудбалска федерација

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни хрватската фудбалска федерација со 10 илјади евра и делумно празнење на стадионот (до илјада гледачи) за следниот домашен натпревар во УЕФА натпреварувањата.

Казната која доаѓа по истакнувањето на усташки знамиња на средбата против Летонија во квалификациите за ЕВРО 2024 е условна и ќе биде на сила во следните две години.

Во следниот период хрватската фудбалска федерација ја очекува уште една казна, онаа за натпреварот помеѓу Ерменија и Хрватска, исто така во септемвриските евро квалификации во кој хрватските навивачи предизвикаа физичка пресметна на трибините на теренот во Ереван.

Се вчитува...