Меси го сака Модриќ во Интер Мајами

На престојот на Лука Модриќ на „Сантијаго Бернабеу“ му се ближи крајот. Хрватскиот репрезентативец ова лето го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година со цел да биде ментор на младата гарда која треба да го замени него и Крос по што е мала веројатноста дека ќе го носи „кралскиот“ дрес и во сезоната 2024/25.

Поготово доколку се земе во обѕир формата на 37-годишниот Хрват кој наиде на жестоки кртики за последните настапи. На социјалните мрежи се појавија и фотографии од тажното лице на Модирќ па се е подготвено за промена.

Останува отворено прашање кој ќе биде следната дестинација со оглед на големиот интерес за хрватскиот виртуоз од Саудиска Арабија, но и од Соединетите американски држави каде е приоритетна трансфер желба на Интер Мајами.

Модриќ ова лето веќе имаше средба со сопственикот на клубот од Флорида, легендарниот Дејвид Бекам, а според пишувањата на шпанските медиуми и отворена понуда на маса за преселба во било кој период. Улога во „врбувањето“ има и Лео Меси кој веќе го контактирал Модриќ да му ја изрази желбата да настапат во ист дрес.

Се вчитува...