Легендарниот Бартон распали по свој играч: Тој не е маж, тој е идиот

Поранешниот стандарден првотимец на повеќе премиерлигаши како Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс и Барнли, Џои Бартон сега „плива“ во тренерските води предводејќи го англискиот третолигаш Бристол Роверс.

Неговиот тим загуби од Петерсбург Јунајтед со 2-0, а темпераментниот Бартон жестоко го критикуваше својот фудбалер Лук Томпсон кој беше виновен за вториот гол на противникот.

„Тој е мал идиот, не можам да кажам дека е маж. Со своето однесување ја загрози екипата. Доколку не се воозбилиме и почнеме да се однесуваме како мажи и не се решиме од слабите индивидуи никогаш нема да мрднеме од оваа лига. Лекарите му рекоа на Лук дека има проблем со задната ложа и не треба да игра, но тој рече дека е подготвен.

Требаше да искочи од игра, го болеше, но тој излета на топка и ги остави соиграчите на цедило па го примивме вториот гол. Тоа беше идиотска грешка која не уништи. Фрустриран сум, разочаран и жал ми е поради другите играчи и навивачите кои дојдоа на ова гостување“, објасни Бартон.

Се вчитува...