Пропадна фузијата на Академија ФМП и Струмица, скопјани остануваат во Прва лига

Скопскиот кошаркарски клуб Академија ФМП и во сезоната 2023/24 ќе биде дел од прволигашката кошарка во Македонија откако не успеа најавената фузија со Струмица за која потврда имаше и од кошаркарската федерација на Македонија.

„Точно е дека како федерација имаме добиено писмо со намера, во кое сме известени дека КК Академија ФМП и КК Струмица се во процес на фузија“, изјави за ЕКИПА генералниот секретар на КФМ, Владимир Георгиевски на почетокот на месец септември.

Причината за наведената фузија доаѓаше од финансиски аспект со неможност на тимот од Кислеа Вода да се натпреварува во највисокиот ранг на натпреварување, но и покрај тоа ќе биде дел од македонскта кошаркарска елита.

Засега раководните лица на клубот немаат поднесено пријава за регистрација на играчи до КФМ што значи дека на два дена до почеткот на првенствниот натпревар во кој „академиците“ треба да се сретнат со Еуро Никел не се знае официјалниот тим, но ЕКИПА дознава дека истиот ќе биде предводен од Владимир Мирковски кој последниот ангажман го имаше во редовите на Куманово.

Се вчитува...