Дејвид Бекам во интервју за англискиот „The Sun“ говореше на повеќе теми, а една од нив беше и најтешкиот момент во неговата богата кариера.
Бекам откри дека тоа црвениот картон кој го заработи на Светското првенство во 1998 година каде го удри Диего Симеоне. Како што вели легендарниот фудбалер поради овој момент се уште знае да се расплака.
„Би сакал да има некоја таблета која ќе ми ги избрише сеќавањата. Направив глупост и тоа ми го промени животот. Бев во Америка со Викторија, се подготвував за нашето прво дете и мислев дека се ќе биде во ред. Очекував дека луѓето тоа ќе го заборават за неколку дена, но не беше така. Ме навреуваа каде и да отидов. Не можев да јадам ни да спијам. Бев скршен. Не знаев што да правам. Привлеков големо внимание на себе, а поради тоа патеа и моите родители. Тоа не можам да си го простам. Тој дел ми е најтежок“, откри Бекам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

