Последниот натпревар од 1. коло во АБА лигата донесе интересен натпревар во Белград каде актуелниот шампион на регионалното првенство немаше проблеми да ги забележи првите два бода во сезоната со убедлива победа од 110-78 против црногорскиот Морнар.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ одлично го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 34-21, а откако Морнар успеа да се врати во мечот во втората четвртина (40-35) следеше нова серија на „црно-белите“ за уште поубедливи +18 (59-41) на полувремето.
Одличната игра на евролигашот продолжи и до крајот на натпреварот без надеж за Морнар дека може да приреди изенадување во главниот град на Србија.
Со 23 поени и 4 скокови Андушиќ го предводеше Партизан, а него го следеше Вукчевиќ со 13 поени и 4 скокови. Кај Морнар најрасположен беше Гавриловиќ со 19 поени, 15 додаде Ковачевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА