Ал Итихад поради статуа на ирански генерал одби да игра натпревар во азиската Лига на Шампиони

Натпреварот помеѓу иранскиот Сепахан и саудискиот Ал Итихад во азиската Лига на Шампиони нема да биде одигран денеска поради незадоволство на гостите од Саудиска Арабија кои одбија да излезат на теренот бидејќи на влезот на стадионот стои статуа од иранскит генерал Касем Сулејмани.

Сулејмани го загуби својот живот во напад на американски дронови во Багдад пред три години. Иранците него го сметаат за национален херој, а Саудиците за терорист и оттука доаѓа незадоволството.

Домашните навивачи го наполнија стадионот кој собира 60 илјади фанови и приредија вистински спектакл пред натпреварот, но откако дознаа дека нема да се одигра натпреварот и поради кои причини скандираа да не се меша спортот со политиката.

Се вчитува...