Едно полувреме не е доволно за победа: Рапид Букурешт со „плус“ 30 против Работнички

Работнички ги започна квалификациите за ФИБА Еврокупот кои се играат во нашиот главен град со пораз од романскиот тим Рапид Букурешт од 57-87. Центарци одиграа едно добро полувреме, но целосно потфрлија во второто во кое постигнаа само 16 поени од кои само два во последната четвртина, а гостите немаа проблем да ги искористат пропустите на „црвено-белите“ за убедлива победа.

Отварањето на натпреварот беше во знакот на Рапид Букурешт кој стигна до предност од 2-7 во воведните минути, но како што одминуваше првата четвртина Работнички успеа да ги консолидира своите редови, реализираше во висока успешност во обидите за два поени па намали на 20-21 по 10. минути игра. Изедначеното темпо со блага предност за гостите благодарение на добриот проток на топката донесе романско водство речиси во целата втора четвртина по која резултатот гласеше 41-45.

Клучно за натпреварот беше отварањето на второто полувреме во кое Рапид Букурешт со добрата одбрана ги спречи течните напади на Работнички, а одговори и со добра игра во рекетот на центарци по четвртата лична грешка на Рикиќ па стигна и до двоцифрена предност која пред последните 10. минути изенсуваше 55-66. Гостинскиот состав ја задржа ефиканоста и во последниот дел од натпреварот, ја зголеми разликата и ги реши сите дилеми за победник уште пред крајот на мечот.

Со по 15 постигнати поени лидери на Работнички беа Џелетовиќ и Трајс, додека 23 поени и 7 асистенции за Рапид Букурешт постигна Приџет.

Се вчитува...