Алкараз нема да игра на ниту еден турнир пред Австралија опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не планира да игра на турнири пред Австралија опен, пишува шпанска „Марка“.

Тој минатата година отсуствуваше од Мелбурн откако се повреди непосредно пред првиот гранд-слем сезонава, па наводно не сака тоа да се повтори.

Со неиграњето на турнирите пред тој во Мелбурн парк, Алкараз ќе го минимизира ризикот од повреда.

Да потсетиме, Шпанецот годинава играше на три гранд-слем турнири (со отсуство на споменатиот АО) и го освои Вимблдон со триумф над Новак Ѓоковиќ во финалето.

Се вчитува...