Фудбалска Шпанија се уште ја тресе скандалот поради наводниот поткуп на судиите што го вршеле претходните претседатели на Барселона, за што е отворена и официјална истрага против каталонскиот гигант.
Денеска пак доаѓа до нов „земјотрес“ на истата тема откако поранешниот Комесар за натпреварување во Ла Лига, Хозе Мануел Валјехо, во изјава за РАЦ1 јавно го обвини Флорентино Перез дека и првиот човек на Реал Мадрид трошел огромни средства за поткуп на арбитрите во Шпанија.
„Сите говорат за Барселона и тоа е случај за кој истрагаљ е во тек. Но, што е со Флорентино Перез, јас знам дека тој поткупуваше судии уште пред Барселона. Знаат и други луѓе, но тоа се крие затоа што никој ништо не му може на Флорентино, тој е „недопирлив“. Едноставно, невозможно е да се покрене тужба против претседателот на Реал, без разлика какви докази имате“, изјави Валјехо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

