Александар Ставрев ќе суди во Исланд

Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев ќе патува на Исланд, каде на 5 октомври во Рејкјавик ќе го суди мечот од второто коло од групната фаза на Конференциската лига меѓу домашниот клуб Брејдаблик и Зорја Луханс од Украина.

Ќе му помагаат Дејан Костадиновски и Куштрим Лика, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. Во првото коло Брејдаблик загуби во гости од Макаби во Тел Авив со 3:2, додека Зорја Луханс играше на свој терен нерешено 1:1 со белгискиот клуб Гент. Интересно е да се напише дека во решавачкиот меч за пласман во групната фаза во Конференциската лига Брејдаблик го елиминира македонскиот претставник Струга Трим Љум.

Младиот судија Јован Качевски од Струга, кој од минатата година е на меѓународната листа, ќе биде главен судија во Загреб на 4 октомври на мечот во Лигата на европските шампиони за младинци меѓу Динамо и турскиот претставник Истанбул Баширшехир. Ќе му помагаат Слаѓан Марковски и Иван Путилин, четвртиот судија е од Хрватска. Интересно е да се напише дека пред две недели Качевски беше главен судија во Рејкјавик на квалификационата средба за настап на Европското првенство, играчи до 21, година, Исланд –Чешка /2:1/ заедно со помошниците Марковски и Путилин, четврти судија беше Игор Стојчевски.
Во Загреб,во првото коло од групната фаза на Конференциската лига минатата недела престојуваше и Жарко Игњатовски, менаџер во ФФМ, кој беше делегат на натпреварот меѓу Динамо и Астана од Казахстан. /М,.М/

Се вчитува...