Тудор седнува на клупата на Лацио?

Игор Тудор е главен фаворит за седнување на клупата на Лацио откако хрватскиот стратег веќе имал и средба со претседателот Клаудио Лотито. Првиот човек на римскиот клуб летово беше во конфликт со тренерот Сари, искусниот стручњак се жалеше на недоволна активност на пазар, но иако Лотито потоа доведе неколку квалитетни засилувања резултатите на стартот на сезоната се разочарувачки.

Поразот од Милан во дербито од минатото коло значеше и пад на 16. место на табелата, огромно разочарување ако се знае дека „лацијалите“ најавуваа дека и сезонава ќе се борат за место кое води во ЛШ. Лотито е разочаран од работата на Сари, а според одредени медиуми тој по мечот на „Сан Сиро“ се сретнал со Тудор, кој исто така бил на стадионот за да го следи во живо овој натпревар.

Хрватот е без ангажман откако летово си замина од Олимпик Марсеј и начелно бил заинтересиран за преселба во Серија А, но останува да бидат договорено уште одредени детали.

„Лацијалите“ утре ги очекува гостување во ЛШ против Селтик и евентуален неуспех ќе значи и автоматски отказ за Сари, по што би се интензивирале преговорите за експресно да биде потпишан договор со Тудор како нов тренер.

Се вчитува...