Јирген Клоп викендов се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако Ливерпул беше ограбен на гостувањето против Тотенхем. Германскиот стратег не сакаше жестоко да ги критикува судиите стравувајќи од парична казна, јасно стави до знаење дека е разочаран од арбитражата, а во меѓувреме доби барем една добра вест – поврзана со повредата на Коди Гакпо.
Холандскиот ас го постигна голот за израмнување на 1-1 пред самиот крај на полувремето и веднаш се пожали на повреда, а на паузата беше заменет со Диого Жота. „Црвените“ стравуваа од подолга пауза, но деталните прегледи покажаа дека не станува збор за скршеница или посериозна повреда. Лекарите му препорачале на Гакпо пауза од десетина дена, што значи дека тој ќе го пропушти неделното гостување со Брајтон, но потоа би требало да биде „фит“ за предизвиците по репрезентативната пауза.
Клоп за дуелот со Брајтон нема да може да смета ниту на Жота и на Џонс, кои добија црвени картони со Тотенхем, како и на Тијаго Алкантара, кој е повреден од стартот на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

