Стартуваа активности на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во процес на целосно менување на тревната површина на нашиот најголем стадион коешто последен пат е изведено во 2012 година.
Со донација од Фудбалската федерација на Македонија целосно ќе се менува теренот на „Тодор Проески“ кој ќе биде согласно највисоките европски стандарди, со 70% хибридна и 30% природна трева.
Проектот се очекува да биде готов пред квалификацискиот натпревар со Англија кој се игра на 20. ноември.
Добро е познато дека изминатово лето македонските клубови се мачеа со настапите на арената во европските купови, како и репрезентацијата која имаше повеќе од лоши услови за игра на дуелите против Украина и против Италија во квалификациите за ЕП 2024. Претходно беше соопштено дека растителен паразит е главната причина за лошата состојба на теренот на Националната арена „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА