Медведев е првиот финалист во Пекинг

Рускиот тенисер Данил Медведев е првиот финалист на АТП турнирот во Пекинг, откако во првата полуфинална пресметка славеше во два сета, со 6-3 и 6-4, против Александар Зверев.

Третиот носител на турнирот, иако во два сета, сепак се мачеше во тврд и неизвесен меч против Зверев во кој одлучуваа нијанси.

Зверев имаше дури четири брејк можности и не искористи ниту една, додека Русинот двапати освои сервис на ривалот и со тоа ја направи разликата.

Во финалето Медведев ќе се соочи со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Алкараз и Синер.

Се вчитува...