Еден од најупатените европјани во фудбалските случувања ширум светот, Фабрицио Романи, смета дека Стариот континент има нова европска стоперска ѕвезда во името на Антонио Силва од Бенфика.
Романо им сугерира на Манчестер јунајтед, кои се во потрага по нов дефанзивец, дека треба да го ангажираат Силва, исто онака како што нивниот градски ривал Сити претходно го ангажираше Хрватот Гвардиол.
„Јунајтед е во потрага по стопер. На Ерик тен Хаг му се допаѓаат Тодибо и Тапсоба, но сметам дека за нив најдобра опција е Антонио Силва од Бенфика“ – вели Романо и дополнува:
„Тој е новата европска ѕвезда, совршена можност за секој клуб кој бара талентиран стопер. Не е ефтин, но тоа било паметно вложување“.
Силва е дете на Бенфика, а проценета моментална вредност му е 45 милиони евра. Има и пет настапи досега за португалската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

