Митровиќ стрелаше за Ал Хилал во Иран, самo ден по големиот скандал (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ го постигна првиот гол за Ал Хилал во Азиската лига на шампиони, на гостувањето против Мазандаран во Иран.

Митровиќ погоди во 18. минута за водство од 0-1 на својот тим, во мечот кој се игра само еден ден по големиот скандал и откажувањето на дуелот меѓу ирански Сепахан и саудијскиот Ал Итихад.

Како што е познато, Ал Итихад одби да го игра мечот со Сепахан затоа што на стадионот беше истакната статуа на убиениот ирански генерал Касем Сулејмани, кого Саудијците го сметаат за терорист.

Се вчитува...