Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кажа дека прочуената тактика „тика-така“ е бесмислено додавање без цел.
Оваа изјава доаѓа како изненадување, со оглед дека во Барселона ја форсираше оваа игра, меѓутоа тренерот демантира дека тогаш Барса играла така.
„Ја мразам тика-така. Тоа значи додавање на топката поради доавање, без намери, и бесмислено е, нема цел“, рече Гвардиола.
„Не верувајте на луѓето. Барселона не играше тика-така. Целосно е измислено, не верувајте во тоа“, изјави менаџерот на Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

