Јанг Бојс стравува од атмосферата на „Маракана“: Ќе биде „пекол“, да не наседнеме на провокации

Тренерот на Јанг Бојс, Рафаел Вики на официјалната прес-конференција вечерва пред утрешниот меч во Лигата на шампионите против Црвена Звезда во Белград, кажа дека очекува пеколна атмосфера.

Јанг Бојс и Звезда без ниту еден бод влегуваат во меѓусебната пресметка, а се очекува овие два тима да се борат за тоа трето место кое носи во Лигата на Европа, со оглед дека Манчестер Сити и Лајпциг се фаворити во таа група.

„Знаеме што да очекуваме од противникот. Имам идеја како треба да играме. Познат ни ее противникот, знаеме дека тоа е одличен тим и голем клуб. Што се однесува до историјата и традицијата, тоа не ми е познато, но нема да биде одлучувачко. Добро е што дел од играчите веќе ја почуствуваа атмосферата во Белград. Ќе влеземе во натпреварот да победиме, тоа е нашата идеја. Ние како стручен штаб ќе го подготвиме тимот на пеколна атмосфера. Ќе биде жешко, гласно, ќе се слави секој гол, но мораме тоа да го свртиме како позитивно за нас. За вакви натпревари се тренира. Не може овој стадион да биде тивок. Ќе видиме дали ќе успееме да замолкнеме 50.000 навивачи. Атмосферата ќе биде жешка, но не смееме да дозволиме да не испровоцираат“, изјави Вики.

Се вчитува...