Екипата на Барнли дојде до првиот триумф во оваа сезона во Премиерлигата, откако вечерва го совлада тимот на Лутон со 1-2. Особено возбудлив беше финишот на мечот, во кој Лутон најпрво дојде до израмнување, а потоа Барнли даде уште еден гол за конечен триумф.
Фостер во финишот од првиот дел донесе радост на гостинскиот тим. Во вториот дел Лутон се обидуваше да дојде до израмнување, и до него дојде дури во 84. минута преку Адебајо. Сепак, минута подоцна Брун-Ларсен успеа да донесе предност и победа за Барнли.
Со оваа победа сега само Борнмут и Шефилд Јунајтед останаа без ниту еден триумф во Премиерлигата сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

