ЛШ: Реал Мадрид го замолкна Неапол, турски шок за Јунајтед на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Најавата дека во Неапол ќе биде супер интересно, се оствари. Дуелот меѓу Наполи и Реал Мадрид на крајот му припадна на шпанскиот тим со 2-3, во меч со многу шанси, убав фудбал и голови, и еден сомнително досуден пенал.

Наполи прв се закани и дојде до предност со голот на Остигард, по лошата реакција на Кепа и на одбраната на „кралевите“. Меѓутоа Реал Мадрид се врати само за седум минути со два гола. Во 27. минута Винициус користи асистенција на Белингем, и го „матира“ Мерет.

Самиот Белингем во 34. минута се запиша во листата на стрелците, откако се „прошета“ низ одбраната на Наполи и го совлада голманот на Наполи.

Сепак, Наполи не се предаде, и во 54. минута досуден пенал после преглед на ВАР снимката, кој во крајна мера беше сомнителен. Но, Зиеленски успеа да го претвори во гол. Сепак, во 78. минута „бомба“ на Валверде и со многу среќа Мерет самиот ја смести во мрежата за втора победа на Реал, и голем чекор напред кон 1/8 финалето.

Манчестер Јунајтед продолжува да ги шокира своите навивачи. На домашен терен „Црвените ѓаволи“ загубија од Галатасарај со 2-3, и покрај тоа што два пати водеа. Згора на тоа Галата промаши и пенал. Хојлунд во 17. минута донесе предност, а Заха во 23 минута успеа да израмни. Хојлунд во 67. минута успеа да искористи една грешка на Галата, и да донесе предност со елегантен гол. Но, Актуркоглу носи израмнување, по што Галата добива пенал и играч повеќе по исклучувањето на Каземиро.

Сепак, Икарди го промаши пеналот, за три минути подоцна да постигне гол и да донесе голем триумф за турскиот тим. Воедно, овој резултат е најголемото изненадување во вечерашните натпревари. Манчестер по првите две кола нема ниту еден освоен бод.

Шок доживеа и Арсенал, кој загуби на гостувањето кај Ленс со 2-1. Арсенал водеше со голот на Жесус, но потоа големата грешка на Раја ја казни Томасон. Вахи во 69. минута со убав гол донесе три бода за Ленс.

Баерн Минхен имаше проблеми, откако губеше од Копенхаген, но Мусиала и Тел донесоа пресврт и втора победа за „Баварците“.

Интер промаши многу шанси, и на крајот само минимално со 1-0 ја совлада Бенфика со голот на Турам во 62. минута, додека ПСВ во последните мигови се спаси од пораз од Севилја, и одигра 2-2.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...