Матео Политано, фудбалерот на Наполи смета дека неговиот тим не заслужи пораз од Реал Мадрид (2:3) во синоќешниот натпревар од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
И покрај тоа што Наполи имаше предност, а потоа стигна и до 2-2, сепак, на крајот „кралевите“ дојдоа до трите бода после среќниот гол на Валверде, односно топката од пречката удри во голманот Мерет и заврши во мрежата.
– Ние сме разочарани. Реал Мадрид е одличен тим, но ние одигравме на нивно ниво. Почнавме добро, па застанавме десетина минути. Доминиравме во вториот дел, затоа сме многу разочарани од резултатот, изјави Политано.
Реал Мадрид со шест бода е лидер во групата Ц. Наполи со три бода е на второто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

