Навивачите на Манчестер јунајтед жестоко „распалија“ по фудбалерите и тренерот Ерик тен Таг по синоќешниот пораз од 2-3 од Галатасарај на „Олд Трафорд“ во Лигата на шампионите.
Но, синоќа имаше уште едно нешто кое дополнително им го привлече вниманието. Имено, навивачите на Галата добија одреден број билети за гостинскиот сектор кој беше пополнет, но навивачите на турскиот тим ги имаше двојно повеќе од официјалните информации.
Турските навивачи ги имаше буквално на сите делови од „Олд Трафорд“ што јасно се виде кога се испразни стадионот и на трибините останаа само навивачите на Галатасарај кои со играчите ја славеа големата победа. До билети дошле од домашните навивачи кои им ги продавале по трикратно повисоки цени, а сето тоа предизвика хаос по социјалните мрежи.
Galatasaray fans were the 12th man tonight at Old Trafford. Stellar performance pic.twitter.com/HI6NGIdBtM
— Turkish Football (@Turkish_Futbol1) October 3, 2023
Многу навивачи на Јунајтед порачаа дека тоа најдобро покажува на кое ниско ниво е клубот паднат.
„Никогаш немало поголем срам, билети за натпревар на својот тим да се препродаваат на гостински навивачи“ – се дел од коментарите на фановите на „црвените ѓаволи“.
The Sir Alex stand at Old Trafford is full of Galatasaray fans.
Look what these owners have done to our club#GlazersOut
— UtdPaper (@UtdPaper_) October 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА