ЕВРО 2028 ќе се одржи во Велика Британија и во Ирска

Велика Британија и Ирска се единствените земји кандидати за организација на Европското првенство во 2028 година, информираа од европската куќа на фудбалот, откако Турција ја повлекла својата кандидатура.

УЕФА на 10. октомври ќе ги одреди домаќините на две европски првенства, ЕП 2028 и ЕП 2032 година.

Но, извори од УЕФА, информираат дека Турција се повлекла од кандидатурата за ЕП 2028 затоа што заедно со Италија е исто така единствен кандидат за организација на Европското првенство во 2032 година.

Со тоа е јасно дека Велика Британија и Ирска заеднички ќе го организираат Европското првенство во 2028 година. Европското првенство 2024, пак, како што е познато, ќе се одржи во Германија.

Се вчитува...