Маркез и официјално се раздели со Хонда

Шпанскиот мотоциклст, Марк Маркез официјално се раздели од екипата на Репсол Хонда.

Една година пред истекот на договорот, двете страни се договорија за разделба на крајот од актуелната сезона.

Маркез со Хонда освои шест титули во „кралската класа“ од Мото ГП шампионатот. Тој по еднаш беше светски шампион и во Мото2 класата и во класата до 125 кубика. Запаметен е и како најмладиот светски шампион во Мото ГП шампионатот.

Сезонава шпанскиот возач освои само 22 бода и се наоѓа дури на 19. место во генералниот пласман.

Се вчитува...