„Меси-манијата“ која ги зафати Соединетите американски држави од потписот на аргентинскиот виртуоз за Интер Мајами донесе распродадени стадиони ширум државата, но повредата на 36-годишникот го спречи да ги одигра последните три натпревари.
Тоа предизвика големо незадоволство кај навивачите кои ги преплатија билетите за можноста да го проследат еден од најдобрите фудбалери во историјата во живо, а со оглед на тоа што мали се шансите дека Лео Меси ќе се појави на теренот до крајот на сезоната следниот противник на Интер Мајами, Чикаго се одлучи на потег кој ретко се гледа и наиде на восхит во тамошната јавност.
Имено, Чикаго кој продаде 61 илјади билети за натпреварот кој треба да се одигра оваа вечер соопшти дека ќе даде 250 долари кредит за секое ново членство во клубот за 2024 година или 50 долари кредит за секој поединечен билет. Клубот потенцираше дека секој фан ќе добие кредит без разлика на тоа дали Меси ќе настапи на вечерашниот натпревар или не.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

