Актуелниот македонски шампион Струга ТЛ доживеа и втор пораз по ред во Првата македонска фудбалска лига. По поразот од 2-0 од Шкупи изминатиов викенд, стружани сега загубија со 1-0 на гостувањето во Тетово од Шкендија во заостанатиот натпревар од 2. коло.
Шкендија беше подобар противник на терен низ текот на целиот дуел, па на крај сосема заслужено доаѓајќи до до трумфот.
Откако во првото полувреме не беа реализирани неколку убави можности на домашните, веќе на стартот од вториот дел, во 47. минута Аганспахиќ со удар со глава по корнерот од десната страна постигна гол кој се покажа сосема доволен за конечна победа на црвено-црните.
По оваа победа Шкендија сега со 20 бода е осамен лидер на табелата, со два бода предност во однос на второпласираниот Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

