Јаник Синер првпат во кариерата го победи Медведев, и тоа за трофеј во Пекинг!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер одигра извонредно финале против Русинот Данил Медведев за трофејот на АТП турнирот во Пекинг.

Откако во полуфиналето вчера во два сета го реши првиот носител Карлос Алкараз, Синер денеска во финалето во Пекинг во седмиот меч против Медведев дојде до првата своја победа. И тоа низ одлична игра во два сета.

Двата сета Италијанецот ги доби во тај-брејк со 7-6(2) и 7-6(2) но очигледна беше неговата доминација, сигурност и концентрација за сосема заслужена победа против Медведев.

Се вчитува...