Луис Енрике пристигна летово на клупата на ПСЖ и направи целосен ремонт во играчкиот кадар на францускиот првак. Скапо платените напаѓачи си заминаа од „Паркот на принцовите“, а големо изненадување за многумина беше што на листата на отпишани се најде и Марко Верати, италијанскиот играч за врска кој летово беше играч со најдолг стаж во тимот на ПСЖ.
Верати неодамна потпиша и нов договор, според информациите сакал да остане и да се бори за место во тимот, но се премислил по состанокот што го имал со тренерот.
„Ти си тип на играч од какви што ми се гади. Нема да имаш место во мојот тим“, била пораката што Енрике директно му ја соопштил на Верати, по што Италијанецот увидел дека е дојден моментот за крај на неговата авантура во Париз.
Иако имаше неколку понуди од Европа, тој на крајот реши да се пресели во Катар и потпиша договор со тимот на Ал Араби. Во секој случај, Верати не заслужи таков третман на заминувањето од „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА