Адетокумбо потпишува нов договор за 233 милиони долари

Јанис Адетокумбо е подготвен да стави крај на шпекулациите околу својата иднина и да потпише нов долгогодишен договор со Милвоки бакс, со што грчкиот ас ќе го исполни даденото ветување дека ќе остане во овој тим до крајот на кариерата.

Актуелниот договор на Јанис истекува за две години, период во кој големата „ѕвезда“ ќе заработи 94 милиони долари, а има и опција да остане и трета година во Милвоки, за дополнителни 51 милион долари. Сепак, тоа нема да се оствари бидејќи Адетокумбо решил да потпише нов четиригодишен договор со кој уште повеќе ќе ја зголеми заработката.

Ангажманот на Демијан Лилард од Портланд значеше и потврда на шампионските амбиции на Милвоки, нешто што Адетокумбо секогаш го бараше од управата на клубот, па Гркот сега е подготвен да ја прифати понудата од 233 милиони долари за четиригодишен договор.

„Парите не се важни, но важно е кога станува збор за многу пари. Затоа, јас ќе потпишам договор следната сезона. Сакам да бидам во Милвоки до крајот на кариерата се додека победуваме. Се е толку едноставно“, изјави Адетокумбо.

Се вчитува...