Капитенот на Челси не ни играше, а доби суспензија за навреди кон судијата

Капитенот на Челси, Рис Џејмс, е казнет со еден натпревар суспензија и парична казна од 90.000 фунти за „употреба на недозволив и навредлив речник во контактот со судиите“, одлучи Фудбалската Асоацијација.

Она што е интересно, Рис Џејмс воопшто не настапи на натпреварот, поради повреда не се најде ниту на клупата за резерви, но англискиот дефанзивец беше бесен на арбитражата на мечот со Астон Вила што „сините“ го загубија на домашен терен, по што упатил навреди кон официјалните лица.

Тој ја признал вината за инцидентот, по што ја добил најниската санкција и ќе мора да го пропушти наредниот меч на Челси, на гостувањето против Барнли.

Се вчитува...