Енрике: Резултатот не е реален

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике тешко го поднесе поразот од Њукасл со 4-1 во 2. коло во групата Ф во Лигата на шампионите. Според него, резултатот не бил реален со оглед на играта на двата тима на „Сент Џејмс Парк“.

ПСЖ е во групата на смртта, каде покрај Њукасл, се наоѓаат и Милан и Борусија Дортмунд, и овој пораз може многу да ги чини „светците“, кои и натаму се второпласирани со три освоени бодови, пред Милан со 2 и Борусија со 1 бод.

„Овие натпревари се тешки за нас тренерите. Почнавме добро, се справивме со притисокот на Њукасл, Дембеле имаше шанса. Да бидам искрен мислам дека резултатот не е реален. Му честитам на Њукасл за победата, но овие 4-1 се незаслужени. Дали е ова клучен меч во битката за првото место во групата? Не знам. Нашата цел е да одиме во осминафинале. Ќе биде интересно до крајот на натпреварите. Ќе мораме да победуваме во секој меч“, рече Енрике.

Се вчитува...