Манчестер Сити во 2. коло во Лигата на шампионите, на гостински терен го совлада тимот на Лајпциг. Гвардиола на овој меч излезе со невообичаен состав, во кој некои од стандарните играчи ги остави на клупата, па така од првата минута шанса доби 18-годишниот Рико Луис.
Луис почна да добива минутажа минатата сезона, а Гвардиола го користеше во одбранбените задачи. Во Лајпциг се одлучи да го стави во средниот ред заедно со Роди, а младиот репрезентативец на Англија го воодушеви својот тренер.
„Каков играч… Неверојатен, извонреден. Има 18 години, а може да игра на 4-5 позиции, не се плаши, многу добар во одбрана. Фантастичен играч. Тренер сум 15 години, тренирав неверојатни играчи, но овој е најдобар кој сум го тренирал“, рече Пеп.
Луис во ноември ќе наполни 19 години. Роден е во Манчестер, потекнува од школата на Сити и му предвидуваат блескава иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА