Црвена Звезда и Јанг Бојс одиграа интерсен натпревар во Белград кој заврши без победник 2-2. Иако двата тима се сменија во водство, најпрво Звезда поведе, па потоа швајцарскиот тим дојде до предност од 1-2, на крајот секој тим освои по бод.
Иако многу се зборуваше дека Швајцарците ќе ги чека „пекол“ на „Маракана“, сепак, тие не се импресионирани од атмосферата на најголемиот српски стадион.
„Немаше застрашувачки свирежи од навивачите на Црвена Звезда кога играчите 45 минути пред почетокот на средбата излегле на загревање низ т.н. тунел на пеколот. Навивачите на Макаби во Хаифа беа погласни“, пишува швајцарскиот „Блик“ за атмосферата во Белград.
Јанг Бојс играше со Макаби Хаифа во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА