Лампард на клупата на шкотскиот гигант?

Поранешниот менаџер на Челси, Френк Лампард е подготвен да почне преговори за преземање на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, објавуваат британските медиуми. Поранешниот англиски репрезентативец би можел да го замени Мајкл Бил, кој доби отказ после слабите издание на стартот на првенството.

Стивен Дејвис е во моментов привремен менаџер. Тој ќе го предводи тимот против Арис Лимасол денеска.

Лампард е без работа од минатата сезона, откако го водеше Челси во финишот од сезоната. Тој во минатото беше во Евертон и Дерби Каунти.

Вториот кандидат за клупата на Гл2азгов е Кевин Мускат, кој во моментов работи во Јапониај, во тимот на Јокохама Маринос.

Се вчитува...