Порто незадоволен од судењето со Барселона: „Игравме против повеќе од клуб“

Порто загуби од Барселона со 0-1 во 2. коло во Лигата на шампионите. На својот стадион „Драгао“ португалскиот тим не успеа да дојде до добар резултат.

Тренерот Серхио Консеисао, кој воедно беше дел и од Барселона во играчката кареиера, кратко го коментираше судењето на Тејлор на овој натпревар.

„Веќе неколку пати кажав, игравме против повеќе од клуб. И тоа е доволно што можам да кажам“, рече Консеисао.

Потоа го коментираше и натпреварот…

„Пропуштивме да дадеме гол уште по првиот дел. Горд сум на задачата што ја завршија играчите. Моравме да бидеме фокусирани во целиот меч. Не е лесно. Ваквите натпревари имаат големи барања, во Лигата на шампионите можеби и најголеми. Во вториот дел имавме шанси, но не постигнавме гол. Направивме добра работа, штета што примивме гол“, изјави Консеисао.

Се вчитува...