Емери контра Клоп: Грешки се случуваат, мечевите не треба да се преигруваат

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери не се согласува со барањето на Јирген Клоп да се преигра натпреварот меѓу Тотенхем и Ливерпул, откако на „црвените“ им беше поништен чист гол поради офсајд. Клоп кажа дека мечот треба да се преигра откако Луис Диаз постигна гол од чиста позиција кој беше поништен.

Судиите признаа дека погрешиле, а Клоп смета дека мечот треба да се преигра, нешто за кое не се сложува менаџерот на Астон Вила.

„Порано немавме технологија, па имаше грешки повеќе од сега. Прифаќам дека има грешки и од страна на ВАР, но тие помалку. Секако дека грешката во ситуацијата беше голема и Ливерпул е оштетен. Знам дека е многу тешко за Ливерпул и за Јирген, но ова е грешка. Затоа не се согласувам дека мечот треба да се преигра. Треба да ги прифатиме работите како такви“, рече Емери.

Се вчитува...