Фановите на Интер подготвуваат пеколен дочек за Лукаку

Ромелу Лукаку ќе има непријателски пречек на „Џузепе Меаца“ кога ќе игра со Рома против Интер во Серија А на крајот на месецот.

Белгискиот напаѓач беше херој за навивачите на Интер, постигна 78 гола на 123 натпревари, со нив ја освои титулата во Серија А, играше финале во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а потоа поради неговата одлука стана човек кој повеќе не сакаат да го видат.

Се започна кога беше откриено дека Лукаку кога преговарал за нова позајмица во Интер со Челси, преговарал и со Јувентус. Го означија како предавник и му порачаа на клубот да ги прекине преговорите со него. Потоа влезе во преговори со Рома, клубовите се договорија и сега на шест настапи за римскиот клуб постигна четири гола.

„Ќе го заокружиме 29. октомври со црвено на нашите календари за да бидеме подготвени да слушне колку сме згрозени, бидејќи ни го сврте грбот на најсрамниот можен начин. Покажа дека е мал човек, бидејќи не се држше до ветеноте. Ние ве браневме со мечеви, а вие возвративте со тоа што ни го свртевте грбот. Пред натпреварот против Рома, „Курва Норд“ ќе му испрати 50.000 свирежи кои ќе бидат искористени секогаш кога топката ќе ја допре лицето кое го издало нашиот свет дрес. Да покажеме како треба да се однесуваме со некој кој е недостоен за нашиот дрес“, стои во соопштението на навивачите на Интер. 

Се вчитува...