Француските медиуми удрија по тренерот и првата ѕвезда: Мбапе блед, Енрике виновник за фијаското

Француските медиуми силно ги нападнаа фудбалерите и стручниот штаб на Пари Сен Жермен по поразот од Њукасл во Лигата на шампионите (4-1).

Првата ѕвезда Килијан Мбапе и тренерот Луис Енрике се апострофирани како главни виновници за срамот кој го доживеа францускиот шампион на „Сент Џејмс парк“.

„Тимот беше изненаден од изборот на формацијата на Енрике, кој предводеше тим со четворица напаѓачи и двајца играчи од средниот ред. Најголемото изненадување е што тој не смени ништо во своите планови без оглед на големите тешкотии на тимот во средниот ред. Луис Енрике е најзаслужен за фијаското. ПСЖ не направи ништо, постигна еден гол и се мачеше цел натпревар. Играта на Мбапе во првото полувреме беше разочарувачка Можеби затоа што не ја добиваше топката, па мораше да се врати и да ја земе. Сосема непотребно“, пишува Л’екип. 

Се вчитува...