Бориша Симаниќ ќе биде гостин на премиерата на Црвена Звезда во Евролигата

Кошаркарите на Црвена звезда ја отвораат новата сезона во Евролигата со меч против Асвел во Белградска арена. Се очекува Арената да биде исполнета до последно место за овој меч и да биде голем ветер во грбот на црвено-белите.

Имено, според најавите во Арената, како специјален гостин на мечот против Асвел треба да се појави и Бориша Симаниќ. Членот на сребрената кошаркарска генерација од Манила, ќе дојде да го бодри својот поранешен клуб каде помина многу убави моменти во кариерата.

Бориша Симаниќ заработи тешка повреда на натпреварот од Мундобаскетот против Јужен Судан, по што му беше изваден бубрегот.

„Вечерва ќе биде многу емотивно во Арената“, напиша на Твитер таткото на Бориса, Младен.

Натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Асвел е закажан за 19 часот.

Се вчитува...