Барселона без Левандовски против Гранада

Првата ѕвезда на шпанскиот шампион Барселона, Роберт Левандовски сигурно нема да настапи на претстојниот натпревар  против Гранада викендов, пренесува каталонскиот „Спорт“.

Напаѓачот се здоби со повреда во 34. минута на натпреварот против Порто во Лигата на шампионите, кој Барселона го доби со 0-1.

Клубот денеска соопшти дека се работи за истегнување на лигаментите на левиот скочен зглоб. Останува да се види дали голгетерот ќе може да настапи за селекцијата на Полска за време на претстојните европски квалификации кои се на 12. и 15. октомври, а под знак прашалник ќе биде и неговиот настап на првото „Ел класико“ сезонава кое е закажано за 28. октомври.

Се вчитува...