Кобел ќе брани за Борусија Дортмунд до 2028 година

Борусија Дортмунд заврши голема работа финиширајќи ги преговорите со Грегор Кобел, по што 25-годишниот голман стави потпис на новиот договор со „милионерите“.

Кобел бранеше одлично минатата сезона во која Борусија беше на чекор до титулата, за неговите услуги се интересираа неколку клубови ширум Европа, но швајцарскиот чувар на мрежата секогаш инсистираше дека негов приоритет е останување во Дортмунд, потпишувајќи договор до јуни 2028 година.

„По природа сум емотивец, а Дортмунд е неверојатно емотивна фудбалска средина, со неверојатно емотивна атмосфера на секој меч на нашиот стадион. Имам чувство дека мојата мисија овде не е завршена, овој тим има потенцијал да освојува трофеи и затоа не размислував многу кога ја добив понудата за нов договор. Заедно можеме да направиме големи работи со Борусија“, изјави Кобел, кој е член на „милионерите“ од 2021 година, кога пристигна во Дортмунд од редовите на Штутгарт.

Се вчитува...