Нови повреди пред стартот на Евролигата: Проблеми за Реал Мадрид, Олимпијакос, Милано…

Новата евролигашка сезона официјално стартува денеска, а тренерите се соочуваат со низа проблеми во пресрет на премиерните дуели од новиот шампионат.

Така, актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен за утрешниот меч со Басконија. Првиот центар Валтер Тавареш поради повреда нема да биде во тимот, а истото се однесува и на Габриел Дел, аргентинскиот крилен кошаркар кој влече незгодна повреда.

Милано денеска објави дека одличниот шутер Били Берон мора да оди на операција за да ја санира повредата на лакотот, па се очекува екс-кошаркарот на Црвена Звезда да отсуствува најмалку еден месец од терените.

Дерби на првото коло е грчката пресметка меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, за „зелените“ нема да настапат повредените Митоглу и Папапетру, додека кај Олимпијакос ќе недостига центарот Фал.

Со проблеми се соочуваат и во таборот на Монако, откако најзвучното лето засилување Кемба Вокер се пожали на повреда и речиси сигурно ќе го пропушти утрешниот дуел со Валенсија.

Се вчитува...