Партизан со вечерашното гостување во Тел Авив против Макаби ја отвора новата евролигашка сезона, а токму денеска е објавено мега-интервју со Жељко Обрадовиќ, во кое тој говори на најразлични теми.
Покрај многуте кошаркарски аспекти, Обрадовиќ беше прашан и за последните конфликти на Косово.
„Не можам да објаснам што се случи таму. Искрено, не можам ниту на странците да им објаснам зошто ни е Косово толку важно. Тоа е чувство што го носиме во себе, тешко е да им го објасниме и на помладите генерации. Работа на политичарите е да објаснат како и зошто се случи толкава трагедија, секој треба да си ја работи сопствената работа“, изјави Обрадовиќ.
Најтрофејниот европски тренер говореше и за летните трансфер-активности на Партизан, како и за пропаднатиот трансфер на Никола Миротиќ.
„Никола е одлично момче и за него можам да кажам се најдобро, жалам што не дојде летово кај нас. Се беше договорено, буквално сите детали, требаше да почекаме да го раскине технички договорот со Барселона и да потпише за нас. Во тие десетина дена бевме во контакт, разговаравме за следните засилувања, кога еден ден ми се јави и ми кажа дека не може да дојде. Откри дека има притисок, не кажа имиња, само ми соопшти дека имал притисоци од политиката и од црквата. Не слушнав никакви имиња, тоа е се што кажа, се обидов да го убедам, да му објаснам дека сите ние чувствуваме притисоци, но кога видов дека нема да се премисли му се заблагодарив и се насочивме кон следните желби на пазарот“, обелодени стратегот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

