Французите извисија: Ембид ќе игра за САД на ОИ во Париз

Џоел Ембид конечно одлучи чии бои ќе ги брани во репрезентативната кариера, но тоа нема да биде ниту Камерун (земјата каде што е роден), ниту пак Франција (државата чиј пасош го поседува).

По долго размислување, одличниот центар донесе одлука да настапува за селекцијата на САД, за која своето деби на големите натпреварувања ќе го има на претстојните Олимписки Игри во Париз. Американските медиуми попладнево обелоденија дека Ембид го контактирал директорот на репрезентациајта, Грент Хил, соопштувајќи му ја одлуката дека ја прифаќа понудата да биде дел од најновиот дрим-тим што ќе се бори за олимписко злато во Париз.

Најразочарани од ваквиот исход ќе бидат Французите, кои потрошија две години убедувајќи го центарот на Филаделфија да го облече нивниот дрес. Тој најпрвин одолговлекуваше со одлуката пред Мундобаскет 2023, најави дека ќе прифати да игра за „триколорите“ на ОИ во Париз, за сега да им го сврти грбот и да ја прифати американската понуда.

Се вчитува...