Марко Ѓорѓиевски потпиша нов договор со Силекс

Еден од најдобрите напаѓачи во македонскиот шампионат, Марко Ѓорѓиевски потпиша нов договор со кратовски Силекс.

По извонредниот старт на сезоната, двете страни се договорија за продолжување на соработката за уште две години, до јуни 2025 година.

23-годишниот Ѓорѓиевски по првите девет кола во Првата македонска фудбалска лига е еден од најдобрите фудбалери на кратовци, со пет постигнати гола и во водечката тројка најдобри стрелци во шампионатот.

Се вчитува...