Кошаркарите на Работнички со три порази во квалификациската група ги завршија своите настапи во ФИБА Евро-купот.
Очајно издание на тимот од Градски парк, кој не успеа да дојде до ниту една победа во трите дуели. По претходните порази од романски Рапид Букурешт како и азербејџанскиот Сабах, сега Работнички загуби и од холандскиот Гронинген со 65-62, во битката за избегнување на последното место во групата.
Македонскиот тим израмнето го почна дуелот добивајќи ја првата четвртина со 17-18. Но, во вториот период од играта следеше пад, па Холанѓаните ја добија втората четвртина со 15-7 и тоа значеше пат кон нов пораз за Работнички.
Противниците во еден момент имаа и 12 поени предност, но во последната четвртина македонскиот состав внесе неизвесност доаѓајќи и до минус три поени, сепак без сили за комплетен пресврт, и пораз од 65-62. Џелатовиќ со 11 поени и осум скока беше најдобриот поединец кај Работнички.
Првото место во групата го освои Сабах од Баку кој во денешниот дуел славеше против Рапид Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА