Ливерпул ја запиша и втората победа во Групата Е од Лигата на Европа, триумфирајќи со 2-0 над Ројал Унион, но сосема доволно за нови три бода.
Триумфот на тимот на Јирген Клоп го најави Гравенберх во 44. минута, а Диого Жота во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 2-0.
Рома без никакви проблеми славеше против Сервет со 4-0. Два гола запиша Белоти а по еден постигнаа Лукаку и Пелегрини. Во истата група и Славија Прага триумфираше убедливо со 6-0 против Шериф Тираспол.
Баер Леверкузен продолжува со одличната форма, победувајќи со 1-2 на гостувањето против Молде во групата во која Хакен на нашиот Филип Трпчевски загуби со 0-1 од азербејџански Карабах.
ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО
ГРУПА Е
Ливерпул – Ројал Унион 2-0
Тулуз – ЛАСК 1-0
ГРУПА Ф
Макаби Хаифа – Панатинаикос 0-0
Виљареал – Рен 1-0
ГРУПА Г
Рома- Сервет 4-0
Славија Прага – Шериф Тираспол 6-0
ГРУПА Х
Хакен – Карабах 0-1
Молде – Баер Леверкузен 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

