Вардар во недела од 14 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја пречекува Шкендија во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Повеќе од тежок меч за црвено-црните кои ги чека тешка битка за опстанок, против лидерот и секогаш лут ривал, за што е свесен и Бразилецот во тимот, Матијас Лемос.
„Нема изговори – сите на стадион, а ние ветуваме голема борба на теренот за бодови“ – е пораката на Лемос до навивачите на Вардар пред неделниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

